- Дома /
- Healthy Lifestyle /
- Омега-6 +

Омега-6 +
Оптимална содржина на Омега-3 и Омега-6 за здраво крзно и кожа.
Која е функцијата на Омега-6 и Омега-3?
Дури неодамна беа разјаснети функциите на есенцијалните масни киселини. Тие се компоненти присутни во мастите и маслата во храната и се од суштинско значење за здравјето. Постојат два вида на масни киселини, Омега-6 и Омега-3.
Омега-6 масните киселини се присутни во голем број од растителните масла. Тие се неопходни за здрава кожа, здраво крзно и исто така, играат улога во плодноста и репродукцијата.
Омега-3 масните киселини имаат многу различни функции во организмот. Неодамна, научни студии ја докажаа се поголемата важност на Омега-3 за здравјето кај луѓето и животните. Омега-3 ги штитат мозочните клетки и го подобрува капацитетот за учење кај кутрињата. Омега-3 имаат природно анти-воспалително дејство кое може да биде особено корисно за кучињата кои имаат проблеми со кожата, зглобовите и дигестивниот систем. Исто така, Омега-3 играат улога во снабдувањето со кислород на клетките во телото.