Постојат голем број на хранливи материи на располагање, кои ги обезбедуваат виталните компоненти за здрава структура и функционирање на зглобовите и олеснување на подвижноста. Овие хранливи материи се именуваат како "хондрозаштитни агенти" во кои спаѓаат глукозаминот и хондроитинот. Тие ги снабдуваат потребните суровини и материјали за да се произведе нова 'рскавица, па дури и можат да помогнат во обновата на истрошената ' рскавица.
Многу научни докази се достапни за корисното дејство на хондроитинот и глукозаминот на состојбата на зглобовите. Хондроитинот и глукозаминот се компоненти на нормалната 'рскавица. При болест на зглобовите, 'рскавицата се оштетува. Кога 'рскавицата, која ги амортизира зглобовите, се распаѓа побрзо отколку што телото може да ја замени, во тој случај се развива остеоартритис. Без ова заштитно ткиво, коските се тријат едни од други, што предизвикува болка, оток и вкочанетост.
Зелените школки се користат како природен извор на глукозамин во производите на Husse.
Кај постарите кучиња и кучињата од големи раси се препорачува додавање глукозамин и хондроитин во исхраната. Постарите кучиња често имаат вкочанети зглобови, бидејќи со стареењето се оштетува 'рскавицата. Исто така, кучињата од големите раси често имаат проблеми со зглобовите, што се должи на нивната поголема телесна тежина, при што 'рскавицата мора да амортизира поголема јачина.